ЗА НАС

АМБРОЗИУМ е растечка национална компанија, која се занимава со еден од најодговорните избори во животот на човекот. Нашето име ќе го препознаете како доверлив партнер во вашиот живот, со методологија која се темели на познавање на човечките карактери, нивните навики, вредности и интереси кога влегуваат во врска.
Во светот кој се движи со огромна брзина ...
Јасно е дека поседуваме квалитети привлечни за другите, но сеуште не размислуваме за “смирување“, а запознавањето партнер преку добронамерните пријатели, преку интернет, фесјбук или некое локално кафуле воопшто не е наш начин. И да бидеме искрени, личноста која ја бараме најверојатно дека не е таму. Така што, со секојдневната трка која ни го ограничува времето и можностите да налетаме на личност со тие квалитети, како воопшто да стигнеме до идеалниот партнер?

АМБРОЗИУМ е вистинското место.

Вие грижете се за другите области во својот живот, ние ќе ви помогнеме да успеете во сферата на приватноста! Во АМБРОЗИУМ не постојат лажни профили и фотографии нашминкани во Фотошоп. Нашите клиенти се вистински луѓе, кои исто како и вие ќе бидат проучени и претставени. Ние ќе Ве запознаеме исклучиво со личноста со огромен потенцијал за остварување на најпозитивна и најуспешна врска остварена до сега.
Од нас ќе добиете строго индивидуализирана потрага за многу пристапна цена. За возврат ќе имате во нас професионалец кој активно ќе бара за вас идеален животен партнер. Нашиот фокус ќе биде насочен кон проучување, селектирање и стеснување на кругот се до пронаоѓањето на идеалниот кандидат за секој клиент. Нашата цел е да ја пронајдеме идеалната личност за вас – љубовта на вашиот живот. Ние ги цениме и нема да судиме за вашите потреби и интереси. Немаме предрасуди во однос на возраст, религија, или било која работа која нашиот клиент ја смета за важна. Таквиот став ни овозможува да стигнеме до вашите срца и со помош на нашата експертиза да го креираме идеалното решение.

Посебно ги охрабруваме сите маргинализирани групи, оние кои општеството и прдрасудите на околината ги натерале да се повлечат во својот свет. Нам не ни е важно дали сте хомосексуалци, хендикепирани, или имате некоја маана која Ви тежи. Вие сте вредни, и го заслужувате најдоброто, и кој знае, можеби Вашата среќа е само на чекор до Вас, а не можете да ја видите. Ние ќе ја пронајдеме! 

Ве молиме да се запознаете со Условите за соработка и да ги прифатите пред да стапите во контакт со нашата Агенција. 

Ќе Ве охрабрам да ни се јавите веднаш, ние го очекуваме вашиот повик. 


Можете да не побарате преку:
- Телефон 
++389 (0)71 802735
++389 (0)78 897577
++389 (0)76 872473

- Е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Директно на нашата веб страница
Откако ќе се пријавите ќе бидеме во контакт и ќе разговараме за вашите барања и интереси и за начинот накој ние ќе ви помогнеме.