Услови

АГЕНЦИЈА АМБРОСИУМ УСЛОВИ ЗА СОРАБОТКА СО АГЕНЦИЈАТА И ПОЛИТИКА НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ




ВЕ МОЛИМЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ВНИМАТЕЛНО УСЛОВИТЕ ЗА СОРАБОТКА ПРЕД ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА АМБРОСИУМ (во понатамошниот текст Агенцијата). Вашето користење на услугите на Агенцијата ќе биде условено со Ваша писмена потврда за прифаќање на овие услови. Доколку не се согласувате целосно или делумно со Условите за соработка нема да бидеме во можност да Ви ги пружиме услугите на Агенцијата.

 

1. Политика на приватност

Агенцијата се гордее со својот дискретен, поверлив однос кон своите клиенти. Ние ја нудиме најдобрата заштита на приватноста на нашите клиенти и гарантираме дека личните информации никогаш нема да бидат пренесени на трети лица без јасна писмена согласност на клиентот.
Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци доставени до нашата Агенција. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана и објавена на нашата веб страница www.ambrosium.mk
Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Забелешка: Објавите во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за работата на Агенцијата. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите клиенти: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се изврши бараната услуга. Овие информации ќе се користат единствено за цел на обавување на услугата на Агенцијата, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. Давање на лични податоци на користење Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:
1) Забрането или побарано со Закон
2) Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција
3) Истрага на измама која веќе се случила
Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

2. Услови

Клиентот се обврзува:
- да ги достави контакт информациите до Агенцијата
- да ги прифати Условите за соработка
- потпише Договор за соработка и
- изврши уплата за Услугите, која е наведена во договорот, најдоцна 15 дена по потпишувањето на Договорот. Неизвршувањето на уплатата во наведениот рок ќе значи дека потпишаниот Договор се смета за неважечки и се прекинува.
Агенцијата се обврзува да ги превземе сите потребни активности поврзани со индивидуална потрага на најдоброто решение за секој клиент поединечно, согласно барањата на клиентот, а во согласност со политиката на работа на Агенцијата. Земајки во предвид дека работата на Агенцијата е поврзана со условите на понуда и побарувачка на пазарот, услугата на Агенцијата ќе биде директно поврзана со состојбата на пазарот во дадениот момент и за извршувањето на услугата може да биде потребно извесно неопределено време.

 

3. Во врска со содржината на веб страницата

Сите содржини на веб страницата на Агенцијата, вклучително текстовите, дијаграмите, корисничкиот интерфејс, фотографиите, трговските марки, постапките, логоата, звуците, музиката, уметнички дела, и компјутерскиот код, претставуваат авторски права на фирмата АМБРОСИУМ, и/или се лиценцирани од страна на поедините добавувачи на содржини. Сите права се задржуваат. Целата содржина е заштитена согласно законот за заштита на индустриска сопственост (Службен Весник на РМ бр.21/2009). Ниту еден дел од веб страницата не смее да се копира, репродуцира, објавува, снима, испраќа, јавно објавува, кодира, преведува, пренесува или дистрибуира на било кој начин до било кој компјутер, сервер, веб страница или друг медиум за публикување или дистрибуирање за било кое трговско друштво, без јасна писмена согласност од страна на Агенцијата.

 

4. Отфрлување на гаранции и обврски

Во обемот дозволен со важечките закони, Агенцијата ги отфрла сите гаранции, експлицитни или имплицитни, вклучувајки ги, но не ограничувајки се на информациите и материјалите објавени на нашата веб страница. Агенцијата не ја гарантира точноста, комплетноста или корисноста на било која информација или материјал објавен на оваа веб страница. Агенцијата не гарантира дека објавените содржини не може да бидат непрекинати и без грешки, или дека страницата е слободна од компјутерски вируси или други штетни услови.
Под никакви околности Агенцијата, или нејзините службеници нема да бидат одговорни за било која загуба, трошоци или штета било да произлегуваат од договорот, повреда, специјални или последични штети или повреда која доаѓа како резултат на користењето или на неможноста на користење на услугите или веб страницата на Агенцијата, дури и ако Агенцијата или нејзините вработени биле известени за можноста за таква повреда.

 

5. Обесштетување

Вие сте согласни да ја заштитите и обесштетите Агенцијата или нејзините вработени, од и против било каква тужба, активност или барање, вклучително и без ограничување на адвокатска надокнада, кои произлегуваат од вашето користење на веб страницата или услугите на Агенцијата.

 

6. Законски одредби

Работата и активностите за извршување на услугите се во надлежност на Агенцијата и се во согласност со Законите на Република Македонија. Сите несогласувања, во врска со условите за соработка и услугите на агенцијата, доколку не се решат на пријателски прифатлив начин, ќе подлежат на јурисдикција на Законите на Република Македонија, и Вие се согласувате со оваа јурисдикција. Доколку било која одредба од овие услови за соработка со Агенцијата и политиката за заштита на личнитеподатоци се смета дека е незаконска, или по било која причина не може да стапи на сила, тогаш таа одредба ќе се смета за издвоена од овој документ и нема да влијае на валидноста и применливоста на останатите одредби.

 

7. Објава за промени

Доколку има некои промени во нашите услови за соработка со Агенцијата и заштита на личните податоци, истите ќе бидат напишани во овој документ и објавен на веб страницата на Агенцијата и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

 

8. Контакт

Доколку имате било какви прашања во врска со Условите за соработка со Агенцијата и заштитата на личните податоци, Ве молиме да се обратите писмено до Агенцијата на следната e-меил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Последна промена: март, 2013