Секогаш сум скоцкана, а никој ни “да ме опцуе“

Млада сум, убава сум, секогаш сум супер облечена, како излезена од модна писта. Кога ќе искочам мажите ме голтаат со поглед, ама никако да ми се приближат. Шугава ли сум, па зашто така?...

Ееееее, душо моја мила. Мислиш дека на машките им е лесно? Што мислиш зашто добрите риби многу често ги гледаме со некои сељаци? Дека на сељакот ич не му е гајле, ќе “попие“ 5-6 корпи, ама нешто ќе збари. Па нека е тоа и убавица со манекенски атрибути. Уште ако сте        5-6 другарки кои се умираат од смеа на батката ќе му треба прилично самодоверба за да ви пријде. Пробај да се однесуваш опуштено, погледни повремено некого во очи (само не предолго да не помисли дека ти се смрзнал екранот), уживај во забавата и немаш гајле. Момакот ќе налета дур си рекла “Попокатепетел“.