Често поставувани прашања

Поставете прашање на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

1. Зашто да ве ангажирам токму вас?

 

Затоа што ние воспоставуваме контакт врз основа на темелно проучување на нашите клиенти, односно на нивните потреби, барања и особини. Тоа овозможува солидно запознавање со личноста на клиентот, што на обичниот човек не му е на располагање при секојдневното запознавање на луѓето од околината. Нашиот пристап е фокусиран и имаме цел да го одбереме исклучиво најдоброто за вас.

 

2. Можам да излезам в град и да бидам со кого сакам. Имам на располагање илјадници извори, мрежи итн. Што ќе сте ми вие?

Ние не сметаме дека нашите клиенти имаат проблем да запознаат луѓе. Во нашата работа станува збор за фокусиран избор што се базира врз искуствено-научни основи, како и врз карактерот и потребите на индивидуалецот. Кога ни приоѓате нам, како и при секоја професионална услуга добивате за возврат заштеда на време и на нерви во областа за која сте побарале ангажман.

 

3. Дали човекот што јас го барам би побарал услуга кај Вас?

Знаеме дека луѓето се недоверливи и дека свеста најтешко се менува. Токму затоа ние сме уште повеќе мотивирани да дадеме што поквалитетна услуга. Во нашата канцеларија доаѓаат реални луѓе со реални потреби. Со текот на времето добриот глас ќе ги доведе кај нас и најпребирливите. На крајот на краиштата, размислете, дали би сакале повеќе да се сретнете со некој што претходно е тестиран и за кого се знае дека е погоден за вас или бескрајно да влегувате во нови и нови врски?

 

4. Имам премногу работа, кај да најдам време и за вас?

Тоа е една од нашите главни цели: во потрага по човекот или по жената на вашиот живот да ви го заштедиме времето, кое знаеме дека е најскапо во животот. Ние ќе ја извршиме квалитетната селекција за вас и со тоа ќе ви заштедиме многу време.

 

5. Дали е безбедно да запознаеме некој преку Агенција?

Сигурноста е од огромно значење при средбата со нова личност. Сите наши кандидати се детално проучени и тестирани во пријатната атмосфера на нашите простории пред да се квалификуваат да бидат препорачани некому.

 

6. Кој ќе ги гледа моите податоци?

Исклучиво оној што професионално ќе се занимава со истражувањето за вас. Заштитувањето на приватноста е главното начело на нашта услуга. За таа цел, податоците што ќе ги оставате кај нас ќе бидат третирани како строго доверливи.

 

Последна промена: март, 2013