Зошто сите женски што ги гледам се однесуваат како ороспии?

 

Сакам да си фатам женска за озбилно, ама не можам да најдам некоја “нормална“. Сите нешто за пари, сите трчаат по власт, позиција, моќ. Како да откријам која е чесна?

 

Баце, трк по Гајгеров Бројач! Ако е по парите има да вришти на неа. Кога ќе налета на чесно дете ќе пее песнички. Љубовни. Ај да видиме. Зашто така се однесуваат? Може ја прочитале книгата “Зошто мажите повеќе сакаат кучки“ па преминале на практичен дел. Може пробале со фино па некој “фраер“ ги “опаметил“. А може едноставно сакаат да живеат убав живот, како и сите ние. Не би знаела да ти кажам точно. Да испратиш едно писмо до Влада сигурно таму ќе се најде некој експерт да ти помогне.