Како да го вратам?

 

Од сите дечковци што сум ги имала само со него ми било убаво. Како да го вратам? 

 

Одговорот е ... под а. Никако, под б. Никако, под в. Никако. Реката тече кон морето, а не кон изворот. Не се работи за скршената омилена шољичка за кафе, па да направите реплика – дури и да ја направите, не е истата – нели? Иако чичко Ајнштајн утврди дека времето е релативна категорија, едно е сигурно: се движиме кон иднината. Да пливаш спротивно на текот е прилично тешка категорија, завршува со пораз, а постојаното чувство на пораз ти го уништува чувството на самопочит и те прави да се чувствуваш постојано како губитник. Тоа, не ти треба! Ќе ти биде убаво и со друг, ќе видиш!