Како да им ги отворам очите?

 

До сега, сите дечковци со кои сум била сакаат само да ме опнат. Воодушевени се од градите и задникот и не гледаат подалеку. Како да им ги отворам очите?

Додека гледаат во твоите гради ти рецитирај им поезија од Рацин! Се шегувам. Опушти се и уживај во своите квалитети исто толку колку што уживаат и господата на кои им се посреќило. Во меѓувреме комуницирај отворено на сите теми кои те интересираат. За нула време ќе налета некој со слични интереси и ќе сфати дека му паднала 7-ка на лото. А ако баш не си сигурна дека сакаш постојано да се вртиш во круг, пријави се во Амброзиум, ќе го најдеме момакот од твоите соништа, ти гарантирам.